Офшор фирмата „Те-То“, сопственик на БЕГ, го загуби предметот за неисплатена дивиденда против „Топлификација“

Од:

Тројца апелациски судии на 6 февруари годинава ја отфрлиле жалбата на оштетените „Битар Холдинг Лимитед“ од Кипар, мнозински сопственик на „Те-То“ АД, Љупчо Станковски и Јоже Карловски, изјавена преку адвокатското друштво, „Чукиќ и Марков“ и ја потврдиле првостепената пресуда на кривичниот суд во Скопје, со која, го отфрлил барањето за поведување на прекршочна постапка против „Топлификација АД“ и Димитар Хаџи Мишев за неисплатена дивиденда на акционерите.

Во пресудата пишува дека првостепениот суд правилно постапил кога го отфрлил барањето за поведување прекршочна постапка. Оштетените-предлагачи претходно поднеле барање за заштита на акционерските права до Комисијата за хартии од вредност.

Биле известени дека Комисијата спровела контрола поврзана со неисплатата на дивиденда на акционерите и покрај донесената одлука на Собранието на акционери. Со одлуката било констатирано дека со непостапувањето по Одлуката за исплата на дивиденда за 2012 година Топлификација го прекршила членот 487 став 5 од Законот за трговските друштава, а со тоа го попречила остварувањето на едно од основните права кои акциите им ги дават на нивните сопственици.

Судиите не ги прифатиле како основани овие наоди, бидејќи според Законот за прекршоците, наведено е дека судот ќе го прифати барањето од оштетениот за поведување прекршочна постапка ако е проследено со писмено барање до надлежниот орган, со докази дека го пријавил прекршокот и барал надлежниот орган да постапи по барањето и во рок од 30 дена од таквото барање од надлежниот орган добие негативен одговор или не добил одговор.

Судот во образложението навел дека оштетените стекнуваат право да поведат прекршочна постапка само под услов ако надлежниот орган, одлучи да не поведе прекршочна постапка илиако молчи за пријавениот прекршок.

Апелацискиот суд во Скопје во 2017 година донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на „Топлификација“ АД за присилна наплата на побарувања врз основа на заеми, што „Топлификација“ АД ги дала на „Те-То“ АД. За овој предмет првостепениот суд еднаш донесе пресуда во корист на „Топлификација“ АД. На таа одлука „Те-То“ АД поднесе жалба во Апелацискиот суд, кој го врати предметот во Основниот суд, кој повторно донесе иста пресуда. На втората жалба на „Те-То“, Апелација ја отфрли тужбата од „Топлификација“ и пресуди во полза на жалителот.

Инаку, „Топлификација“ АД ја тужи „Те-То“. Компанијата лани поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и оштетување доверители. Според „Топлификација“ раководството на „Те-То“ поднело барање за стечај и донело одлука за отпис на долг од 120 милиони евра без одлука на собранието на акционери. Со тоа овозможила противправна имотна корист на офшор компанијата „Битар Холдинг лимитед“ од Кипар која е мнозински сопственик на „Те-то“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ

Владата нема договорено решение за парното во Скопје, Ковачевски: Сега работиме

Кристијан Ландов