МВР за ликвидацијата во чаршија – пукале пет лица, двајца мртви

Од:

Двајца убиени и еден ранет е последната официјална информација од МВР за вчерашниот инцидент во Чаршија.

„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Самоилова“ во Скопје пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот, и кон А.Т.(34) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош“, се вели во соопштението на МВР.

Известен е јавен обвинител, кој излезе на лице место и по чија наредба телата се дадени на обдукција.

„Околу 20.30 часот било опожарено возило „Ауди А6“ на патот кон Горно Оризари. По насоки од јавен обвинител, извршени се службени разговори со повеќе лица и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на убиството“, се додава во соопштението на МВР.

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи вчера изврши увид на лице место во угостителски објект во кој се случи убиството.

„Фиксирани се траги на лице место, а јавниот обвинител ги издава сите потребни наредби и насоки со цел да се обезбедат докази кои ќе помогнат за расчистување на настанот и за откривање на идентитетот на сторителите“, се наведува во соопштението од Обвинителството.​

Според непотврдени информации по пукањето осомничените избегале во возило „Ауди А6“ и се упатиле кон скопската населба Горно Оризари каде на улица „Вашингтонска“ го запалиле автомобилот. Возилото имало фалсификувана регистарска табличка со број „SK8870BC“.

Како што денес објави полицијата се испитува дали опожарено возило е тоа со кое напаѓачите избегале од местото.

Би можело да ве интересира

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он