Одземање на лиценцата на ТА „Јупитер“ ако се утврдат неправилности

Од:

Министерството за економија денеска преку соопштение изрази жалење за состојбата во која се најдоа македонските туристи кои преку агенцијата „Јупитер“ за време на првомајските празници престојуваа во Турција и најави одземање на лиценцата на агенцијата доколку се утврдат неправилности во работењето.

– Ја информираме јавноста дека уште во утринските часови екипа од Државниот пазарен инспекторат е испратена да изврши контрола на просториите на агенцијата во Скопје и да ја констатира фактичката состојба, но истата беше затворена, а на самиот влез поставена е информација дека агенцијата нема да работи до среда и дека сите граѓани кои патувале на нивна организација во Истанбул ќе бидат обесштетени, се наведува во соопштението.

Министерството ги информира оштетените граѓани дека ќе добијат обесштетување од страна на туристичката агенција, а во случај оваа законска обврска на Агенцијата да не биде остварена, тогаш ќе биде покрената соодветна кривична пријава против агенцијата.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата