Одржат првиот студентски час на ФЕИТ

Од:

Новата генерација студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го почна своето студирање со одржување на првиот студентски час.

Деканот на Факултетот, професор д-р Димитар Ташковски, им посака добредојде на новите бруцоши и ги информираше за студентскиот живот на ФЕИТ.

„Од оваа учебна година со Вас почнуваме со нови студиски програми, усогласени со европските програми, кои ќе обезбедат полесно вклучување на пазарот на трудот. Со новите студиски програми промовираме истражувачки ориентирано образование. Ќе добиете солидно теоретско образование поткрепено со голем број експерименти преку лабораториските вежби. Не нудиме само основно знаење, туку и начини како знаењето да го примените при решавање практични проблеми. Вие треба да ги разберете основните физички принципи и концепти бидејќи тоа е единствениот начин да станете успешен и квалитетен инженер“, им порача Ташковски на новите бруцоши.

Сепак, како што кажа деканот, новите бруцоши на ФЕИТ ќе добијат знаење и квалитет, но и ќе се изградат како личности.

„Важно е, студентите додека студираат на ФЕИТ, да се развиваат како личности. Затоа, ги поддржуваме и поттикнуваме сите дополнителни наставни, културни и спортски активности, кои им давааат можност да се дружат, да се градат како личности, да градат професионални и лични мрежи и да ги зајакнуваат своите социјални вештини. Затоа, ги охрабруваме да учествуваат во што поголем број воннаставни активности, било научни проекти, конференции, меѓународна размена на студенти, културни и спортски активности. Мобилноста ќе отоври уште една друга димензија во вашиот развој, ќе ги зголеми можностите за понатамошно делување во интернационални средини, но и ќе влијае и на вашиот културен, личен и академски развој“, рече Ташковски.

Пред бруцошите говореше и д-р Ристо Јаневски, директор за стратешко планирање и развој во ОКТА АД (член на групацијата Hellenic Petroleum) и долгогодишен играч на МЗТ и член на македонската кошаркарска репрезенција, кој раскажа за времето кога студирал на ФЕИТ.

„Студирањето на ФЕИТ не значи само да се образуваш, туку и да станеш целосна личност. Студирав на ЕТФ и потоа се вработив во ОКТА АД каде ги покажав своите теоретски знаења. Потоа, магистрирав и докторирав на ФЕИТ на теми од реалното стопанство. Да студираш на ФЕИТ бара многу откажување, посветување, учење и труд. Се што Ви кажале е точно. Но, тука се негуваат и други вон наставни активности. Ве охрабрувам да си го организирате времето и да не се откажувате од спортот“, рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

А1он

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе се тестираат 5Г мобилни технологии и системи

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Ана Ололовска

Заврши десеттиот „Робомак 2019“

Ана Ололовска