Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Од:

Изработка на сеопфатна Стратегија за урбана безбедност, ажурирање и донесување на нови локални Проценки на ризиците и изготвување на Мапа на ризиците, опасности и безбедносните закани по жителите, се дел од заклучоците и препораките што произлегоа од Регионалната школа за безбедност 2023 на тема „Меѓународни безбедносни предизвици во време на воената агресија во Европа – импликации врз урбаното безбедност“.

Во рамки на Школата во Струмица беше организирана и показна вежба за симулација за справување со природни непогоди, ризици и закани, евакуација на училиште и справување со последиците сообраќајна несреќа, чија цел беше да се согледа временската рамка на начинот на реакција на локалната структури во справувањето со предизвиците на урбаната безбедност.

На Школата за безбедност беше заклучено дека е неопходно воведување на нов предмет „Безбедносна култура и писменост” во основното, средно и високото образование во земјава, дека е потребно Градот Скопје и сите општини да изработат посебна сеопфатна Стратегија за урбана безбедност, како и да ги ажурираат постојните или да донесат нови Проценки на ризиците, опасностите, природните непогоди, безбедносните закани и други несреќи.

Покрај ова учесниците на Школата препорачаа да се изработи Мапа на ризиците, опасности и безбедносните закани по жителите, објектите и на Стратегија за развој на противпожарната бригада и заштита од пожари и експлозии во градот Скопје и другите општини, како и да се изврши целосна трансформација на системот за заштита и спасување и кризен менаџмент во земјата.

Од Школата произлезе и препорака да се изработка на Сеопфатна државна проценка на безбедносните ризици и закани по националната и урбаната безбедност, како и да се зајакне координацијата на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата.

Регионалната школа за безбедност 2023 беше во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет – Скопје, Фондацијата “Конрад Аденауер” и Центарот за европски студии од Брисел во соработка со Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и справување и Противпожарната бригада.

На Школата, која започна во вторникот, учествуваа универзитетски професори и студенти земјава, Бугарија, Србија и Хрватска, кои расправаа за теми од областа на геополитиката, урбаната безбедност, заштитата и спасувањето и креирањето на политики.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска

Шекеринска: Безбедноста ќе побарува и демократија и човекови права и функционална правна држава

Ана Ололовска