Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Од:

„Од долгогодишно искуство и научените лекции досега од вонредната и од кризната состојба, во државата имаме правна недоуреденост на системот за одговор на кризи, вонредна состојба и воена состојба. Истовремено, имаме парцијален пристап во организацијата на системот за кризен менаџмент и заштита и спасување, а со тоа и во справувањето со заканите и со предизвиците од природни катастрофи и одговорот кон нив„ истакна универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ во своето обраќање на свеченото отворање на меѓународната научна конференција на Факултетот за безбедност по повод 30 години македонска независност што се одржува во Охрид.

Тој нагласи дека се манифестира политичка волја за промени на нефункционалниот систем за управување со кризи и заштита и спасување кој се потребни подолг период.

Според Ѓуровски изминатите години покажаа дека постои несоодветна координација, нејасна и неефикасна организација на кризниот менаџмент, расцепканост на ресурсите и несоответни резерви од клучни производи и опрема, нејасна претпочинетост на носителите на власта.

Покрај тоа, особено не е соодветно регулирана критичната инфраструктура, смета професорот Ѓуровски.

Тој оцекува дека досегашниот систем за безбедност е парцијален и треба да се пристапи кон креирање на модел на интегриран систем за безбедност, кој има една точка на обединување на политиките за безбедност, од каде се даваат насоките за работа на безбедносните структури, ќе се координираат активностите и ќе се обедининат ресурсите од сите видови.

Тоа системот ќе го направи многу поефикасен за одговор на се помногубројните безбедносни предизвици и ризици, нагласи Ѓуровски на меѓународната конференција.

– Нашата држава од осамостојувањето досега помина најмалку седум кризни состојби. Во изминатите 30 години бевме сведоци на злоупотреба на службите за државна безбедност и на ресурсите на системот за национална безбедност во политички цели (н.з. аферите Сина птица, Големото уво, бомбите, неколку политички бегства и некои други). За жал досега нема политичка криза во државата во која не се вмешани разузнавачко-безбедносни структури нагласи универзитетскиот професор Ѓуровски. И на крајот, дефицитот на целосна контрола на безбедносниот систем по разни основи е важно прашање, смета професорот Ѓуровски.

Тој смета дека војската и државно – безбедносен апарат, судството, дипломатијата треба да бидат целосно прочистени од кадри кои можеби долго време работеле за туѓи интереси во нашата земја или биле вклучени во криминални и други против законски дејанија.

Проректорот Ѓуровски на меѓународната научна конференција во Охрид по повод 30 години македонска независно нагласи дека „основни начела на натамошните реформи треба да биде департизација, декриминализација, деполитизација на безбедносните институции со оглед на пропустите кои беа направени во изминатите три децении„

Професор Ѓуровски смета дека ние како држава и безбедносен систем не треба да влечеме континуитет од поранешниот ју-систем и НАТО партнерите се обидуваат да ја пресечат папочната врска со поранешниот безбедносен ју-систем преку безбедносната проверка и тоа преку безбедносните НАТО сертификати, кажа Ѓуровски на меѓународната конференција во Охрид. Според него без стабилно владеење на законите на целата територија на државата не може да се има кредибилни институции и да се има доверба од граѓаните во институциите.

„Денес не треба да очекуваме дека НАТО ја води битката за нас, не треба да мислиме дека некој друг ќе ја заврши борбата против организираниот криминал и корупција, зошто постојана и непосредна закана за растот на нашата економија и развој на македонското општество е корупцијата. Корупцијата и криминалот го поткопуваат кредибилитетот на институциите и процесите и претставува безбедносна закана за нашата демократија“, нагласи на крајот универзитетскиот професор Ѓуровски.

На меѓународната научна конференција „30 години македонска независност“ во организација на Факултетот за безбедност-Скопје на свеченото отворање во Охрид свои обраќања имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, проректорот на УКЛО професор Марјан Ѓуровски директорите на ЦУК и ДЗС Стојанче Ангелов и Беким Максути, деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, градоначалникот на Охрид Константин Ѓеоргиев и др.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

Орце Костов

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска

Шекеринска: Безбедноста ќе побарува и демократија и човекови права и функционална правна држава

Ана Ололовска