Советот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“, што се однесува на изборни нерегуларности.
Во случајот осомниечени се поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими и Сашо Срцев, како и петмина судии од Управниот суд.
Се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување поврзано со изборни нерегуларности.
В.М.