Одобрени обвиненијата на СЈО за кинеските патишта и за софтверот на ЕЛЕМ

Од:

Нови 2 обвиненија се одобрени од кривичниот суд за случаите на СЈО, дознава „Макфакс“. Станува збор за предметот „Траекторија“, за провизиите за кинеските патишта, каде првообвинет е ексвицепремиерот Владимир Пешевски и ексминистерот Миле Јанакиески, заедно со поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта и експремиерот Никола Груевски. Обвинението, според соопштението за распределба на предмети го одобрила експретседателката на судот, Татјана Михајлова.

Судијката Лидија Петровска го одобрила и обвинението за предметот „Тарифа“, за набавката на софтвер за ЕЛЕМ. Според СЈО, обвинението дека е извршена злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапка по јавна набавка на софвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ, при што осомничените лица со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е 4.092.420 евра.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов