Одлуката за датум во јуни 2019 и договорот за името во фокусот на отворањето на Рос Рот семинарот

Од:

Во Скопје денеска започна тридневниот 98. Рос Рот семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен процес.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во воведното обраќање рече дека е убеден оти договорот за спорот со името потпишан од премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, најдоцна до крајот на годинава ќе биде имплементиран од двете страни во целост, и Македонија во декември оваа година или на почетокот на јануари ќе стане триесетта полноправна членка на НАТО.

Џафери смета дека вчерашната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за сите нас треба да биде мотивирачка да направиме се што е потребно.

– Не треба да влијае фактот дека се одложува почетокот, бидејќи датумот се определува, а тоа е јуни следната година. Тоа треба да биде мотивирачки за сите нас, да ги направиме сите подготовки за во најкраток рок да ги затвориме поглавјата, рече Џафери одговарајќи на прашање на пратеничка од Албанија.

Претседателот на Владата Зоран Заев на почетокот на своето обраќање изрази, како што рече, огромно задоволство за добивање датум за преговори јуни 2019, а за тоа и честита и на Албанија.

Според Заев вчерашната одлука е јасен патоказ за иднината на нашата држава, ни дава стимул да продолжиме понатаму. Македонија, додаде, ќе продолжи да работи на реформите за постигнување на крајната цел членство во ЕУ и НАТО за што има општествен консензус.

Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Паоло Али рече дека лично се надева оти лидерите на Алијансата ќе го следат примерот на ЕУ. Го поздрави договорот за името посочувајќи дека тоа е досега невиден напредок во односите меѓу двете земји.

Поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и поранешен заменик помошник на генералниот секретар на НАТО Џејмс Пердју, кој беше претставен како еден од клучните говорници, во својот говор ја ословуваше Република Македонија како Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: Европа ги попречува обидите на Вашингтон и Москва да ја прекинат војната

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ

Европската Унија разгледува низа можни „одмазднички“ потези против Русија

Пропадна првичниот план за Украина, ЕУ итно се обидува да смисли план „Б“

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија