Одложено судењето за ,,Шпански скали”, ново рочиште на 6 април

Од:

Рочиште за судскиот предмет„Шпански скали” кое требаше да се одржи денеска е одложено заради изолација на еден од обвинетите. Следното рочиште за овој случај е закажено на 6 април.

Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ.

Во случајот „Шпански скали“, освен поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Според обвинението сите обвинети се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на скопскиот плоштад ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Одложено судењето за „Шпански скали“, следното рочиште во јануари

Ана Ололовска

Изведени материјални докази во предметот ,,Шпански скали”

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”

Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградбата на „Шпански скали“

Изнесени докази од обвинителството за предметот „Шпански скали“, судењето продолжува на 11 мај

Ана Ололовска

Со изведување на докази од обвинителство продолжува судењето за предметот „Шпански скали“

Ана Ололовска