Одложено судењето за „Шпански скали“, следното рочиште во јануари

Од:

Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 јануари 2022 година поради повреда на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиески доставила оригинален документ од медицински преглед од 13.12.2021 година во „Аџибадем Систина”.

– Со оглед дека станува збор за фрактура на колено и се препорачува строго мирување на обвинетиот, денешното рочиште се одложува, изјави судијката Јанчулева Михаиловска.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Јанчева: Заради „Шпански скали“ од проектот Скопје 2014 се бара отштета од 130 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Изведени материјални докази во предметот ,,Шпански скали”

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”

Општина Центар ја активираше банкарската гаранција за изградбата на „Шпански скали“

Изнесени докази од обвинителството за предметот „Шпански скали“, судењето продолжува на 11 мај

Ана Ололовска