Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”

Од:

Согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на Основниот кривичен суд Скопје, како и во Одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите, информираа денеска од Кривичен суд.

– Судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од Одделот Кривично полнолетни е распределена да постапува во Одделението за организиран криминал и корупција, со што ќе ја превзема римската ознака, односно предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање, соопштуваат од Кривичен суд и додаваат дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението е и предметот познат како „Шпански скали“ за кој расправата е насрочена за 20 октомври. Исто така, судијката Јанчулева Михаиловска, ќе го води судењето за предметот „Еразмус“ за кој расправата е насрочена за 2 ноември.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов сведок на суд – тврди дека „заѕиданите“ 350.000 евра се нејзини

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија