Одложено судењето за палењето на македонското знаме

Од:

Судењето против 47 годишниот Исмаили Минир од струшкото село Шум кој на 23 јануари во Струга годинава го запали македонското државно е одложено во струшкиот основен суд и е презакажано за седми јуни.

Одлагањето е донесено на барање на Исмаили. Тој за медиумите по палењето на знамето изјави дека тоа го направил во знак на револт против навредливите и антиалбански пораки на стадионите и спортските сали во Македонија, особено навредилвите пораки упатени кон Албанците за време на Европската ракометно првенство во Србија.

Од полицијата тогаш изјавија дека веднаш откако пристигнал пред зградата на општина Струга тој го извадил знамето кое го носел со себе и го запалил и избегал.

За брзо време од настанот Исмаили беше пронајден од страна на полициски службеници и беше приведен во полициската станица во Струга на информатовен разговор. Настанот беше пријавен од граѓани на Струга кои биле очевидци на палењето на знамето.

Мики Трајковски

Одложено судењето за палењето на македонското знаме

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ