Седницата на Советот за јавни обвинители на која зад затворени врати требаше да се расправа за работењето на Катица Јанева, а која беше закажана за денеска, не се одржа.
Таа е презакажана за 27 јануари, заради болест на претседателот на Советот, Аневски.
Според Ленче Ристевска од СЈО, тие за оваа седница дознале од медиумите и немале официјална покана. Што се однесува до законските обврски на Специјалното обвинителство, да даде извештај за работењето, од таму велат дека тие ќе ги почитуваат законските рокови и до Советот на обвинители ќе датат извештај за работењето.
Во Специјалното обвинителство немаат ниту информации дали денешната расправа е заради некоја претставка или жалба до Советот поради начинот на кој СЈО ги примило матѕеријалите од опозициската СДСМ, или заради некоја друга причина.