Одложен најавениот прекин за реемитување на домашни и странски ТВ канали

Од:

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретнаа со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.

-На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.

Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свестност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.

Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок наканалите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

Би можело да ве интересира

Се враќаат државни пари во медиумите: Приватните телевизии ќе инкасираат најмалку два милиони евра од јавни кампањи

A1on

Нема веќe Спорт Клуб на А1, операторот не го продолжил договорот

Жарко Настоски

АВМУ: Македонските телевизии лани работеле со загуба

Жарко Настоски

АЕК постапува за прекршувањето на ЗЕК од операторите, можат да реагираат и граѓаните, вели Манчевски

Ана Ололовска

Сметките за телевизија ќе бидат помали поради прекините, операторите најавуваат обесштетување на корисниците

Манчевски за денеска најави средби за прекинот на ТВ-програмите од операторите

Ана Ололовска