АЕК постапува за прекршувањето на ЗЕК од операторите, можат да реагираат и граѓаните, вели Манчевски

Од:

За прекршените одредби од Законот за електронски комуникации со прекинот на емитувањето на ТВ-програмите од страна на операторите постапува Агенцијата за електронски комуникации како надлежна институција, а постои можност и за реакција од граѓаните со поплака до АЕК, вели министерот за инфирматичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашања, денеска на прес-конференција Манчевски потенцираше дека со завчерашниот едночасовен прекин на реемитувањето на ТВ-програмите беа прекршени одредбите од Законот за електронски комуникации за што е надлежна Агенцијата за електронски ккомуникации.

-Според моите информации, таму се постапува и ќе бидат спроведени сите мерки коишто се согласно законот. Тоа е во однос на реакциите на институциите. Граѓаните секогаш како претплатници за што било сметаат дека е прекршување на условите од претплатничкиот договор што тие го имаат со операторите исто така може да се обратат до АЕК каде што има посебен сектор за поплаки од страна на корисниците коишто ги процесуираат овие поплаки. Се работи за две реакции, една институционална и таа не исклучува и е во тек и втората е онаа што граѓаните дополнитлено сами можат да ја покренат, наведе Манчевски.

Кабелските оператори завчера го прекинаа емитувањето на ТВ-програмите во траење од еден час во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Петте национални телевизии оценија дека прекинот на програмите е самоволие и тешко кривично дело.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните