МОСТ: Одѕивот на гласачите до 16 часот е 26 отсто

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конфреренција соопшти дека одзивот на гласачите според ПВТ Програмта на МОСТ до 16 часот е 26 отсто со маргина на грешка од +/- 0,4 проценти.

Како што изјави извршниот директор Дарко Алексов, од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени се и потврдени информации дека на гласачко место 2893/1 во општина Чаир 11 лица не се пронашле на Избирачкиот список, додека на гласачко место 2828 во општина Центар регистрирани се 12 случаи на групно гласање.

– Доколку граѓаните не можат да се пронајдат во Избирачкиот список на избирачкото место во кое обично гласаат ги советуваме да ги проверат описите на останатите избирачки места во објектот или да проверат на веб-страницата izbirackispisok.gov.mk со цел да го лоцираат точното избирачко место каде што можат да гласаат, истакна Дарко Алексов на прес-конференцијата на МОСТ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

(ВИДЕО) Се урна дел од мостот на граничниот премин „Градишка“, преминот е затворен

Горан Наумовски

Најдолгиот мост на светот е во Луизијана – 39 километри

А1он

Референдум во Република Српска на 25 октомври