Оддел за Неонаталогија на Клиничката болница во Штип

Од:

Во штипската Клиничка болница профункционира оддел за Неонаталогија. Педијаторот Марина Гацова истакна дека ако претходно на годишно ниво на детската Клиника во Скопје од источниот дел на државата се хоспитализирале 18 новороденчиња со нарушено здравје, изминатите месеци бројката е сведена на минимум.

– Нашата статистика покажува дека во изминатиот период во Скопје се испратиле едно до две новороденчиња. Ова се должи на фактот што од неодамна профункционира оддел за Неонаталогија, вели Гацова.

Гацова збаележува дека новиот оддел за Неонаталогија располага со целосната апаратура потребна за соодветна здравствена заштита на новороденчињата, а дел од лекарите кои работат во овој оддел беа и на дооусовршување во белградските клиники.

Според податоците на одделението за Гинекологија и акушерство, расте бројот на новороденчињата. Во првите пет месеци од годината се породени над 400 бебиња, а не е регистрирано ниту едно породување со фатален крај.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена