Одбраната на обвинетите во „Тенк“ бара изземање на обвинителите од СЈО

Од:

Одбраната на обвинетите во предметот „Тенк“ на денешното рочиште побара изземање на обвинителите од СЈО.

Претходно, адвокатката Сања Алексиќ, која го брани Никола Груевски, ги прочита писмените докази на одбраната.

Веднаш потоа обвинителите Ленче Ристовска и Стевче Донев побараа пауза. Реагираше одбраната, која смета дека обвинителите немаат право да бараат пауза до донесување на одлуката за инивно изземање.

По кусата дебата, судијката Добрила Кацарска даде пауза до 14 часот.

На денешното рочиште присуствуваа обвинетите Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради „ризична бременост“.

Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски