Одбиени жалбите за рудникот Иловица, активистите се подготвени за пресметка, рудник нема да има

Од:

Вишиот управен суд донесе решение со кое се одбиваат сите жалби и останува на сила пресудата на управниот суд, информираат од здружението „Здрава котлина“.

„Оваа пресуда е неочекувана зошто воопшто не влегува во содржината на предметот туку на процедурален начин само ја потврдува пресудата на управниот суд како конечна. Со тоа целиот процес се враќа на позициите од јули 2019 пред да биде одземена дозволата, а потоа и концесијата на Еуромакс Ресурси. Сега повторно Владата и Министерствата се на потег но сите сме изморени од политичките ветувања и како што гледате постојано вртење во круг“, изјави Ѓорги Танушев од Зелена котлина за А1он.

Од Зелена котлина велат дека сега на потег е Владата и Министерството за економија.

„Време е да се прекине кругот и да се погледнеме во очи зошто секако нема да дозволиме рудник во нашиот крај. Знаеме дека силни лобисти се во игра, кои пак се ангажирани од моќни структури, но сепак не отстапуваме туку напротив уште повеќе се засилуваат нашите редови со граѓани и активисти. Ова е битно зошто доаѓа времето кога ќе се судриме на падините на Огражден, на една страна народот, а на другата профитерите и нивните платени политичари и судии. Друг избор нема зошто народот нема да дозволи да се труе и да живее во сенката на смртта од највисокото хидројаловиште во светот. Епилогот на судирот ќе биде епски и ќе стои запишано дека злото е протерано од овие краишта со силен и постојан отпор на сплотен народ. Нека му ја мислат политичарите и судиите каде ќе бегаат тогаш. Ние сме тука свои на своето“, вели Танушев.

Од Зелена котлина велат дека почнуваат со планирање и подготовки за масовни активности во текот на цела 2021 година.

Би можело да ве интересира

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

А1он

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Светот се подготвува за растечка потреба од бакар, Македонија дебатира за Иловица

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица