Институтот „Конфучиј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одбележи традиционалниот кинески празник Дуанву.
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје предвидено е предавање за потеклото, историјата, значењето и обичаите поврзани со празникот Дуанву.
Ќе биде прикажан краток филм за традиционалните јадења кои се приготвуваат за овој празник, а ќе има и дегустација на пелмени со ориз, традиционално јадење кое се служи на празничната трпеза.
Овој значаен празник во Кина се прославува повеќе од 2.000 години. Дуанву во кинеската традиција се прославува на петтиот ден од петтиот месец, а го слави патриотскиот поет Чу Јуан (340 – 278 п.н.е.) и претставува можност Кинезите да го чуваат здравјето и да се спречат болести. Главни обичаи се трката со змејови лотки, јадење пелмени од леплив ориз, носење парфимирана торбичка и врзување на свилена врвца од пет различни бои.