Одбележување на Денот на сесловенската писменост

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во очи празникот, го одбележува Денот на сесловенската писменост. Во Универзитетскиот комплекс ќе се одржи молебен со кој ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан по што ќе бидат доделени наградите за најдобрите дипломирани студенти и повелбите на пензионираните наставно-научни работници.

За вечер во Домот на АРМ е закажана свечена академија на која Плакета на Универзитетот ќе им биде врачена на Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија и на Илија Бреслиски, генерален директор на ГТД Бетон – Штип.

Утре 24-ти мај, Денот на сесловенската писменот, според законот за празниците, во Република Македонија е неработен ден.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска