Одбележување на Денот на албанското знаме

Од:

Празникот на албанското национално знаме – 28 Ноември денеска во неколку градови во државата се одбележува со бројни културни и политички активности.

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи концерт на основните и средните училишта од општина Чаир, а манифестацијата ќе продолжи со ансамблот „Емин Дураку“ и пејачите Бeни Ајрулаху, Ирена Точи, ДЈ Леерик и Илир Шаќири.

Во Тетово по повод празникот 28 Ноември ќе се одржи свечена академија, а во Гостивар, Центарот за култура во соработка со општината организира празнични манифестации.

Во Скопје, исто така во рамки на манифестацијата, беа промовирани книгите „Албанските преродбеници“ од проф. Гордана Синадиновска и „Православните Албанци во РМ“ од проф. д-р. Бранислав Синадиновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски