Одбележани 12 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар

Од:

Роднини, пријатели, претставници од полицијата, здруженија на бранители и политички партии, положија цвеќе и запалија свеќи пред спомен плочата во гостиварската населба Циглана во знак на почит кон Александар Николиќ и Даил Јанкоски, полициски резервисти кои беа убиени во 2002 година.

На местото каде што беа застрелани додека беа должност на полициски пункт  беше отслужена панихида.

Во чест на загинатите бранители, изминативе години се организра турнир во мал фудбал на кој учествуваат екипи составени од полициски службеници од повеќе градови.

Јанкоски и Николиќ, припадници на резервниот полициски состав беа застрелани на должност, на полициски пунк во 2002-рата година час после полноќ на 26-ти август од автомаско оружје. Виновниците за убиството не се откриени.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски