Од Владата и МНР не го демантираат предлогот „Република Илинденска Македонија“

Од:

Веќе втор ден од Владата на Република Македонија и министерството за надворешни работи нема демант за најновиот предлог за решавање на спорот со името до кое вчера дојде А1он.

Заев и Ципрас на вчерашната средба во Софија разговарале за предлогот „Република Илинденска Македонија“ кој според дипломатски извори е понудено од страна на Република Македонија и доколку се прифати, би било за севкупна употреба.

Од Владата и МНР велат дека за деталите од преговорите треба прво да ги информираат претседателот на државата, опозицијата, како и останатите лидери. Оттаму упатуваат на изјавата на премиерот Заев кој порача дека со Ципрас разгледале неколку опции, од кои една била прифатлива и за двете страни.

– Заедно со премиерот Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија, кои македонската страна ги презентираше во последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји, со релевантните политички фактори. Суштински разговаравме за неколку опции, при што утврдивме една опција, која може да биде прифатлива за двете страни. Продолжуваат консултации дома за да видиме дали е можно практично спроведување на ова решение. Ако е возможно ќе имаме решение“, изјави премиерот Зоран Заев, по средбата со Ципрас.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа итна лидерска средба за деталите околу преговорите за името, а според најавите од Владата средбата ќе се случи многу скоро.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска