Од Владата чекаат да заврши судењето, па ќе кажат што ќе прават со луксузниот мерцедес

Од:

Од Владата чекаат да заврши судскиот процес за случајот „Тенк“, по што ќе соопштат дали и кога ќе продолжи постапката за продажба на луксузниот мерцедес.

– За мерцедесот е стопирана постапката за продажба. Кога ке заврши судската постапка, и кога ќе стигне допис дека автомобилот повеќе не е предмет на судски процес ке излеземе со нова информација. Не е тоа единственото возило со највисоки стандарди на безбедност за заштита на високи странски делегации, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Пред три месеци, Владата почна постапка за продажба на мерцедесот преку јавно наддавање со почетна цена од околу 230 илјади евра, но набрзо таа беше прекината со образложение дека обвинетите во случајот „Тенк“ може да се обидат да избегнат одговорност. Случајот го отвори СЈО, а со обвинението за набавката на мерцедсот од 600 илјади евра се опфатени експремиерот Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Денеска се очекува изрекување на пресудата за овој случај.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски