Од утре забрана за работа на отворено од 11 до 17 часот

Од:

Најавените пеколни горештини и високиот УВ индекс го запали повторно црвеното светло кај надлежните.

Од утре, Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд забрануваат да се работи на отворено од 11 до 17 часот без разлика дали станува збор за јавниот или приватниот сектор.

Министерството за труд и социјална политика ги издаде и следните препораки:

• да се избегнува работа на отворено за време на најтоплиот период од денот односно во период од 11 до 17 часот,

• адекватна вентилација и по можност климатизација во работниот простор,

• промени во организацијата на работниот процес, односно воведување работа во две смени,

• обезбедување на засолништа каде што вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата,

• почести паузи во текот на работата и консумирање на течности,

• предупредување за зголемени опасности од несреќа при работа (пожари).

Министерството препорачува:

1. Детските градинки, односно во детските градинки децата да се изнесуваат на прошетка единствено до 10 часот наутро, да се нуди лесна храна и повеќе течности, да се заштитат од дирекна сончева светлина со ролетни или завеси.

2. До домовите за згрижување на стари лица за преземање на мерки за климатизација на просториите или обезбедување на една ладна просторија (неопходна за портокалова фаза), да се нуди повеке лесна храна и течности, совети за навремено земање на препорачаната терапија од лекар. Совети за избегнување на дирекна изложеност на сонце од 11 до 16 часот.

3. До Центрите за социјални работи за поголема соработка со единиците на Црвен крст и локалната самоуправа во поактивен пристап и помош на осамени стари лица, социјално загрозени лица и бездомници (лоцирање на лицата, домашни посети и помош).

Министерството за труд и социјална политика ќе ја следи состојбата и ќе ги преземе сите мерки во негова надлежност за запазување на безбедноста и здравјето при работа. Токму затоа, Државниот инспекторат за труд, односно инспекторите за безбедност и здравје при работа ќе бидат во засилени контроли за да утврдат на терен дали работодавачите се придржуваат до препораките.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска