Од утре секој ќе може да се пријави за ковид-вакцина

Од:

4.000 здравствени работници се пријавиле вакцинација, од нив 2000 се од Скопје, а останатите од другите градови, соопшти министерот за здравство Венко Филипче

„Сајтот за пријавување за вакцинација се очекува да биде во функција утре и тоа ќе значи дека секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни“, вели Филипче.

Тој денеска беше во посета на поликлиника „Бит пазар“, на разговори за тоа како ќе бидат распределени седумте вакцинални пунктови во Скопје.

Во согласност со капацитетот на здравствениот кадар, во некои поликлиники и здравствени домови ќе има по повеќе вакцинални пунктови кои ќе работат во две смени за да може да се имунизираат поголем број на граѓани.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сиљановска призна, ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

ВИДЕО: Мицкоски е лажго, идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија, вели Филипче

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот