ВИДЕО: Од три до десет години затвор за напаѓачот на Шеќеринска

Од:

Панче Ангелов, обвинет за насилството во Собранието за време на крвавиот четврток и за нападот на пратеничката Радмила Шекеринска денеска седна на обвинителната клупа.

Адвокатот на Ангелов за настаните од 27 април во Собранието изјави дека обвинетиот го гледа првпат во судницата бидејќи немал ниту мобилен ниту фиксен телефон за да му се јави и правно да го советува.

Адвокатот кој на Ангелов му е доделен по службена должност, рече дека обвинетиот е правно неук.

Јавното обвинителство претставувано од Наташа Гоџовска изјави дека Ангелов бил во првата група што влегла во Собранието, упаднала во прес-салата и му се заканила на Зоран Заев. Потоа стигнал до Радмила Шекеринска, при што ѝ нанел тешки телесни повреди влечејќи ја за косата и со шише замавнал кон присутните пратеници.

Според Обвинителството, поведението на Ангелов предизвикало несигурност и страв кај присутните. Според образложението на обвинението, казната затвор за ова кривично дел е од три до 10 години.

Според медицинската документација, кај Шекеринска бил констатиран потрес на мозокот, а кај Зоран Заев ластерација и хематом на главата. Обвинителството располага со доказен материјал како видеозаписи од собраниските камери, документација од МВР, медицински извештаи и изјави од сведоци.

Судењето денеска беше одложено за 6 октомври до кога обвинетиот треба да биде правно поучен за последиците од признавањето на вината, а со оглед на фактот дека нема финансиски средства да плаќа адвокат и дека е правно неук.
Ангелов има завршено средно занаетчиско училиште и досега не бил осудуван.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска