Од силниот ветер падна покрив во тетовско Доброште

Од:

Покривна конструкција во должина од околу дваесетина метри од фирмата „Унибау“ во тетовското село Доброште во 1 часот и 13 минути по полноќ паднала и зафатила дел од локалниот пат во селото.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека покривната конструкција паднала поради силниот ветер што изминатата ноќ го зафатил полошкиот регион.

– Екипи на полицијата веднаш го обезбедиле местото од падот на покривот на патот што го отежнал сообраќајот, а сопственикот на фирмата Т.И.(54) самостојно ангажирал механизација и за околу еден час го отстраниле покривот и ги санирале последиците, рече Јосифовски.

Тој посочи дека на барање на Т.И. не бил извршен увид и оти тој не побарал проценка на материјалната штета од падот на покривната конструкција од неговиот објект.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он