Од понеделник децата повторно ќе бидат згрижени во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“

Од:

Родителите на децата од поплавената градинка „Раде Јовчевски – Корчагин“, директорката и воспитувачките од градинката на средба со градончалникот на општина Центар, Андреј Жерновски изнајдоа начин да го решат проблемот настанат со неодамнешните поплави.

Од понеделник децата повторно ќе бидат сместени во градинката, а квалитетна исхрана ќе се набавува од надворешен добавувач кој ќе ги поседува сите неопходни сертификати до санирање на кујната во градинката.

Од денеска службите во општина Центар почнуваат со санирање на плочките.

Со ова се излезе во пресрет на родителите кои прашуваа каде да ги носат децата, бидејќи не можат да излегуваат од работа или да земат одмор.

Во четврток епидемиолошките служби ќе ги соопштат резултатите од земениот брис кои ќе покажат дали е воопшто можно сместување на децата, додека резултатите од проверките за безбедност на храна ќе бидат објавени за еден месец.

Poplavena gradinka RJ Korcagin (2)

Средствата за санацијата ќе бидат обезбедени со итните измени во буџетот на општина Центар на првата наредна седница на Советот на општина Центар.

Како што изјави директорката на поплавената градинка Злата Николиќ, од надлежните државни институции досега единствено добиле помош со бесплатна дезинфекција, а за се друго, надлежните ги упатиле кон општина Центар.

“Градоначалникот и општината веднаш ни излегоа во пресрет. Тој е голем дечар и многу ги сака децата, не е имун на состојбата и прави се’ за нивно добро“, рече директорката Злата Николиќ, негирајќи дека се пожалила на соработката со општината.

Внимателно ја следиме состојбата уште од првиот момент, изјави градоначалникот Андреј Жерновски, ќе направиме се’ за да се санира состојбата.

Poplavena gradinka RJ Korcagin (4)

“Направен е позитивен притисок за да може во најбрз можен рок децата да бидат сместени и да добијат најквалитетна исхрана. Од денеска почнува санацијата на плочките и за нас – децата се на прво место“, рече Жерновски.

Жерновски исто така посочи дека поплави, какви што имавме неодамна, се реткост и со санацијата на градинката ќе се направи се’ за ова да не се повтори.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки