Од кол на кол, колот…

Од:

Бугарските медиуми зарибаа. Од постојаната потрага да најдат нешто спорно, налетаа на текст во пара вестите на порталот Окно.мк, која сериозно ја сфатија и ја пренесоа во Бугарија, под наслов „Македонците немаат кочници-Исус не е роден во Витлеем, туку во охридско Витлеемо.

Еве го текстот во ОКНО:

Група археолози од Македонија, која се нарекува „Исусовци“, тврдат дека го пронашле точното место каде што се родил Исус Христос, но дека тоа не се наоѓа во Витлеем од Западниот брег, каде што досега така се мислеше и тоа место се нарекуваше Јудеја, туку во селото Витлемово во близина на Охрид.
„Мислам дека ова е вистинкото место каде што е роден Исус, а не во оној Витлеем во близина на Ерусалим“, вели Аврам Јаков, археолог од здружението „Исусовци“.
Во малото село наречено Витлемово, при градење на автопатот кон Тирана, е пронајдено загадочно место. Постојат неколку докази, вели Јаков, дека тоа е местото каде што се родил Исус. Истото место постоело и во античко време, а за тоа сведочат и написите во Библијата, која пред неколку месеци беше ревидирана од страна на македонската влада. За време на владеењето на римскиот император Јустинијан селото било просперитетно, а во периодот на раното христијанство токму во тоа населено место било славено раѓањето Исусово, и таму сите се преобратиле во христијанската вера и изградиле импозантна црква.
Според археолозите, се очекува ова откритие да ја смени светската перцепција на Македонија и да ја смести нашата земја на картата на верскиот туризам. Засега нема никакви реакции од Ватикан и од другите христијански центри во светот.

Би можело да ве интересира

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Бугарија ја смени својата „приказна“ за авионот на Урсула фон дер Лајен

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

(ВИДЕО) Нападнато е и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Ја избоде до смрт мајката на поранешната девојка

А1он