Кабинетот на претседателот Пендаровски информираше дека резултатите од тестот за коронавирус од мајката на сопругата на претседателот, се негативни.
„Брисот беше земен посмртно, откако г-ѓа Ѓоргиевска (71) почина вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје, како резултат на влошување на општата здравствена состојба предизвикана од хронична болест, поради која повеќе од една година беше со исклучително тешка клиничка слика“, информираат од кабинетот.