Од идеја до реализација

Од:

Вистината ги ремети умните, не само храбрите

Море промени, море на случувања, се е со некоја цел се е со некоја задача. Нашата определба е за доброто на Македонија, најдоброто за сите нас. Иднината сите ја гледаат надовор вон рамиките на Република Македонија, жалосно. Ах, да можев само еден чекор да сменам да можев да ја сменам матрицата на оваа сулуда власт. Ама тогаш ќе бев МАТРИКС. Нивниот матрикс драги мои е бескурпулозен, безоразен, расипан, долен и што уште не.

Наместија за свои лични интереси Македонија никогаш да нема пруги, патишта, улици, а да има невиден бесмислен и смешен Дизниленд. Бурлеска до бурлеска, менталниот склоп им е набљудуван од многу експерти и секогаш покажал момент на минимализам и исфрустрираност. Никогаш не беше пиедестал и показател за нешто напредно туку уназадување на нацијата и пљачка врз сопствениот народ. Па да не ги навредувам дополнително, сведоци сме на одлуки без преседан, одлуки каде животите на народот не се на прво место, одлуките за преземање и пљачкање на фирмите се е тоа нивно решение. Нивно зло. Тргам од една кота која се вика Македонија нејзиното добро и она што следува.

Секакви умови се појавија ама не вистинските освен оние кои и мислат добро на Татковината. Сите се продадоа за ситни пари. Сите изиграа игра на конкубина од Животот на една гејша. Од бизнисмени, политичари до видни и невидни личности тие буквално ја имаат сфатено паролата која виси над англискиот парламет а гласи, “ИНТЕРЕСОТ Е ВЕЧЕН“, да интересот е вечен ама само за државата. Македонецот го има буквално сфатено и прави и зло и пакост. Народе, имаме прекрасна држава, каде може да твориме и создаваме притоа не плашејќи се да некој некому не одговара. Нашите раце се чисти доколку нашите поколенија мислат да останат ТУКА! Имаме сила да го победиме мрачното зло. Да не звучам песимистички, за прв пат имам име ќе можам да го спомнам како пиедестал и желба за промени, тоа име е име на лидер и човек кој ја гледа иднината низ призма на Мултиетничност и мултиконфесионалност.

Не сакаме стереотипи, таа личност се потруди да направи за прв пат подем во оваа наша напатена татковина каде сите сакаат да изберат страна каде сите сакаат да се од страна на победникот.Верувам во слобода, верувам во слободоумни луѓе, во борци а не профитери. Тоа го посакувам заради своите поколенија не заради себе.Имаме татковина каде моралните вредности уште вредат. Се што ни се случува е поради големото зло спроведено низ овие 10 години. Да не ги набројувам министрите који се послушници само и гниди. Нив режимот кој го подржуваа им предвиде само едно КРАЈ. Мојата борба е вечна и оди во правец само на добри нешта. Се што ќе се насочи да направи зло за граѓаните и државата остро ќе биде искритукувано и унакажано. Да,се повикам на својот повик, исконски и суштински за мене. Здравството каде ќе го усмериме? Сигурно нема пак да го препуштиме во рацете на лаиците и деструкционистите.

Да имаме свесна визија за се што се вика подем и да направиме чекори кои нашиот народ ќе го направат среќен и ќе се почуствува во рамките на Уставот на Република Македонија. Македонија е социјална држава и помага на својот народ. Интересите на министрите на оваа ненародна власт и нивните налогодавци и финансиери мора да ги разобличиме. Ги имаат извалкано своите раце со народна крв со крв од страданиот и напатениот народ а за тоа треба да им се суди. Очекувам конструктивно и сите досегашни лудости на оваа ненародна власт да ги избришеме и покажеме знаење и моќ како тоа треба да изгледа и да функционира нормално. Доста е од лаици,шарлатани и продавачи на магла, време е за конструктивност и промени. Имаме идеја да ја реализираме што поскоро.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска