Од денеска стапува на сила Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти

Од:

Во Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, соопшти МНР.

Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан; се овозможува мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци; докторите на медицина, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

– Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската унија, изјави министерот Османи.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија е избрано како депозитар на овие договори

Би можело да ве интересира

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Граѓаните нема да трпат во остварувањето на своите права, вели Спасовски за обврската за промена на личните документи

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски

Балканот во страв од експлозија – 5.000 локации, 10 месеци во грч

Шолц: Во интерес на Германија и Европа е Балканот да се приклучи на ЕУ

А1он