Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Од:

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на Самитот Македонија2026 ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите.

– Апсолутно круцијално за лидерите е да ја разберат важноста на тоа да работат заедно со други лидери, истакна Хил кој рече дека би било најдобро доколку балканските земји дојдат во позиција во Европската унија да работат заедно.

Според него, потребна е поголема соработка меѓу земјите и лидерите во регионот.

-Европа го сака Балканот, но не ги сака проблемите на Балканот, рече Хил посочувајќи дека атрактивен предлог е заедно да работат Албанци, Срби, Македонци… и дека тоа би било голем пазар. Смета дека доколку балканските земји соработуваат ќе имаат многу поголем напредок.

На истиот панел зборуваше и Светозар Јаневски, стопанственик и сопственик на Тиквеш, кој, меѓудругото, раскажуваше за периодот кога ја презел компанијата Тиквеш и како го развивал бизнисот.

Според Јаневски, потребно е граѓаните без разлика дали се Македонци или Албанци да ја градат и развиваат земјата заедно, да се гради една нација. – Ова е се уште неразбирливо за некои. Главно е како да се согласиме и како да бидеме заедно – рече тој.

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ