Од денеска редовна настава во сите училишта

Од:

Во сите основни и средни училишта, како и во градинките, од денеска редовно ќе се извршуваат работните обврски согласно наставниот план и програма и работното време согласно одлуките на секоја установа.

Советот на СОНК донесе одлука за прекин на штрајкот синоќа на вонредна седница оценувајќи дека постигнатиот договор со ресорните министерства по нивните барања кои беа причина за генералниот штрајк претставуваат прифатлив компромис.

На седницата на Советот на СОНК  присуствуваа и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, министерот за труд и социјална политика  Диме Спасов и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, а се расправаше по Предлог – спогодбата постигната во преговорите водени интензивно последните денови помеѓу највисокото раководство на СОНК и ресорните министри со најблиските соработници.

Врз основа на заемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила. Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог, соопшти Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК

Катерина Ѓуровски

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски