Од денеска бесплатно паркирање по 21 часот

Од:

Наместо до 23 часот, работното време на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ од денеска ќе трае од 7 до 21 часот, по што паркирањето во зоните А, Б и Ц ќе биде бесплатно.

Во зоната Д работното време ќе трае до 23 часот, а бесплатното паркирање ќе биде можно во периодот после 23 часот до 7 часот наутро.

Овој режим важи од понеделник до петок, а во саботите работното времетраење на паркинзите на ЈП „Градски пракинг“ го опфаќа периодот од 7 часот до 14 часот, по што паркирањето нема да се наплаќа. Исклучок е зоната Д, каде системот за наплаќање на паркинг место во саботите важи како и за работните денови.

Во неделите и за државните празниците паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д останува бесплатно во текот на целиот ден. Цената за паркирање останува иста.

Во зоната А изнесува 45 денари од час, а дозволеното време за паркирање е најдолго 2 часа. Во зона Б ограниченото време е најмногу 3 часа, а цената за еден час изнесува 35 денари. Во третата Ц зона еден час паркинг чини 25 денари и нема временски ограничувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Шпанија падна град со големина на тениско топче, загина едногодишно девојче

(ВИДЕО) Бело како во зима: Силно невреме ја погоди Србија, драматични сцени снимени низ целата земја

А1он

ФОТО: „Bo Bowling“ во Skopje City Mall

Ана Ололовска

Промоција на нови 79 двокатни автобуси

Ана Ололовска

Без греење само потрошувачите од населбата Тафталиџе 2

Ана Ололовска

Ноќни линии на ЈСП на новогодишната ноќ според петочен распоред

Ана Ололовска