Од 1 јули во Кочани ќе се наплаќа паркирањето на возила

Од:

Кочани е првиот град во источниот дел од државата во кој ќе се плаќа за паркирање. Советот на општина Кочани на денешната 19 седница донесе ваква одлука. Имено од 1 јули, еден час паркирање во центарот на Кочани ќе чини 10 денари, за автомобили, товарните возила ќе плаќаат 50 денари, а приколките 30 денари. Предлогот се однесува само за централното градски подрачје. Во летниот период ќе се наплаќа од 8 до 24 часот, а во зимскиот од 9 до 22 часот.

– Со воведувањето на такса за паркирање општина Кочани не очекува финансики прилив, туку да воведе сообраќаен ред во центарот на градот и одржување чиста и здрава животна средина, истакна градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски по усвојувањето на одлуката од страна на советниците на власт. Против беа советниците од опозицијата.

Станарите или закупците на станови во станбените згради во означеното подрачје ќе плаќаат месечна повластена карта во износ од 500 денари, додека оние кои имаат фирми или дуќани за предвидениот паркинг простор ќе плаќаат по 1.000 денари месечно. Правните и физичките лица кои сакаат да си закупат паркинг само за нив ќе мора во касата на општината да плаќаат по 5.000 денари месечно.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он