Очекувам сите партии да го поддржат одложувањето на пописот, вели Заев

Од:

Верувам дека сите одговорно ќе се однесуваме и ќе изнајдеме решение за поддршка на измените на Законот на попис од страна на сите политички партии, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање околу најавената блокада од Алијансата за Албанците и Алтернатива, кои соопштија дека не поддржуваат одложување на пописот.

– Законот за попис како што беше предложен во Собранието, така се предложени и измените, со европско знаме. Роковите се јасни. Но, секако очекувам да изнајдеме решение за поддршка на оваа проблемати с од страна на сите политички партии, идтакна Заев.

Премиерот посочи дека нема никаква причина за блокада од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива и истакна дека кога се носеше Законот, токму овие партии предлагале самиот попис да се одложи од април за јуни.

Заев појасни дека утре ќе разговараат и верува дека ќе се изнајде решение, посочувајќи дека сите треба да стојат позади ваква сложена и важна статистичка операција.

– Значи тие побараа токму за слични или исти причини да биде одложен пописот. Утре ќе разговараме за оваа работа и верувам дека ќе изнајдеме решение, секако не само заради тоа што треба сите да стоиме позади вака сложена и многу важна статистичка операција која што е насушно потребна за креирање на сите политики во иднина во државата, зборувам за економски, образовни, здравствени културолошки и секаков вид на политики, кои што се базираат на податоци. Ние имаме навистина стари податоци кои се пстари од дури 20 години, рече премиерот во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека иако средбата за утре е закажана за Законот за државјанствата и проблемите што нашите граѓани ги имаат со државјанствата, доколку има потреба ќе се разговара и за пописот, се со цел конечно да се усогласат сите ставови.

– Иако средбата за утре е закажана за Законот за државјанствата како иницијатива отворена од Алијанса на Албанците и Алтернатива, верувам сите таму координатори ќе седнеме и ќе изнајдеме начин на ова прашање, а ако има потреба да се разговара за пописот, јас ќе разговарам се со конечна цел да изнајдеме сите усогласени ставови, да застанеме зад пописот, зад тоа што впрочем до сега сме го кажале сите вклучително и Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и СДСМ, и многу други политички партии, зошто е важно да ја имаме успешно спроведено оваа статистичка важна операција за државата и народот, рече Заев. бт/сп/

2021-03-30 18:03:42, од Бисера Трајковска

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески