Обвинителството започна истрага за убиството во Виничани

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело убиство.

„На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот Фиат панда сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело“, велат од ОЈО.​

Би можело да ве интересира

Словенија ја засилува безбедноста на улиците, ја распоредува војската да и помогне на полицијата

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Момче (9) ја уби мајка си затоа што не го пушти да излезе надвор со другарите

А1он

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Обвинение за кавадарчанец кој со тесла си го уби братот на негов роденден, тајно го закопа и се обиде да го прикрие убиството

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски