Обвинителството започна истрага против 24-годишен дилер на дрога од Грчец

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје спроведува истражна постапка против 24-годишниот жител на Грчец кој вчера беше уапсен бидејќи пренесувал марихуана во својот автомобил.

Полициски службеници, во вечерните часови на 14 април, се обиделе да го запрат автомобилот со кој управувал осомничениот на клучката Стајковци.

– Но, тој не постапил според дадената звучна и светлосна сигнализација за запирање, ја зголемил брзината движење и се дал во бегство. Во еден момент, од возилото фрлил најлонска вреќа која содржела над 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана, информира ОЈО Скопје.

Во еден момент, од возилото фрлил најлонска вреќа која содржела над 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана. Набрзо потоа тој го запрел автомобилот, бил легитимиран и уапсен. При преглед на возилото помала количина марихуана била најдена и меѓу двете предни седишта на автомобилот.

Во исказот даден пред јавен обвинител денеска осомничениот признава дека неовластено ја поседувал марихуаната од која се обидел да се ослободи.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага