Обвинителството: Уапсените затворски полицајци пуштиле осуден за убиство да побегне додека се лекувал во болница

Од:

Затворските полицајци кои беа уапсени во акцијата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) и на МВР се осомничени дека пуштиле затвореник осуден за убиство да побегне додека бил на лекување во приватна болница.

Според официјалните информации на ОЈО ГОКК, за шестмина од осомничените припадници на затворската полиција од скопскиот затвор „Идризово“, кои се осомничени дека како група и постапувајќи со умисла директно се одговорни за бегството на затвореникот, е отворена истрага и се бара да им биде одреден притвор. Против преостанатите 11 нивни колеги постапката е сè уште во фаза на предистрага и за нив надлежен јавен обвинител предложил до Судот да им одреди мерки на претпазливост.

И едните и другите се осомничени дека помогнале на осудениот за кривичното дело убиство да ја напушти просторијата во болницата каде што се лекувал и во даден момент да побегне, без притоа затворските полицајци за кои е отворена истрага да го пријават бегството кај своите претпоставени.

Осуденикот придружуван од двајца од осомничените отишол во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. По половина час поминати со затвореникот во просторијата, полицајците си заминале и го оставиле осуденикот, кој потоа излегол и со возило се дал во бегство.

„Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД ‘Идризово’ ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде што биле затекнати од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција (ЕИП) при МВР-СВР Скопје“, стои во соопштението на ОЈО ГОКК.

Би можело да ве интересира

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во затвор во Србија: Го силувале со метла, починал старец

А1он

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Во битолската болница се степале лекарки, двете психијатарки

Катерина Ѓуровски