ВИДЕО: Уапсени се 12 шверцери со дрога и оружје, претресени 20 локации во Скопје

Од:

По повеќемесечно криминалистичко истражување, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на денешниот ден Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции спроведоа координирана полициска акција за сузбивање на повеќечлена организирана криминална група, соопшти Обвинителството.

Според прибраните и документирани докази, во текот на истражувањето е утврдено дека групата е формирана со цел стекнување на противправна имотна корист, има строго утврдена хиерархија и структура и се занимава со продажба на наркотична дрога и оружје, се вели во соопштението.

„Членовите на групата подолг временски период извршуваат кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од член 215 и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Во текот на денешната акција постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации во Скопје и притоа се одземени материјални докази што ќе бидат испратени на вештачење. Од слобода се лишени 12 лица од 19 до 47 години меѓу кои и една жена и еден полициски службеник, а се трага по три лица кои во моментов се недостапни за органите на прогонот.

„На 28.07.2021, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации, при што од слобода се лишени и во полициски станици се приведени лицата Б.А.(22), Б.А.(19), М.А.(47), Б.А.(23), С.Ј.(22), Е.Б.(27), З.М.(33), Љ.А.(30), Ш.А.(35), Р.А.(33) (полициски службеник), А.А.(26) и Е.С.(24), сите од Скопје, а се трага по уште три лица кои биле дел од групата. При лишувањето од слобода и при извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени наркотична дрога, муниција, два пиштола, патнички моторни возила, од кои едно блиндирано, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони, компјутерска опрема…“, соопшти МВР во врска со случајот.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ