Обвинителството отвори предмет за тепачката во Струмица

Од:

По поднесена кривична пријава од СВР Струмица, денеска Основното јавно обвинителство Струмица отвори предмет против 22 лица – учесници во тепачката која се случи на 18 март 2021 година.

Од осомничените, 12 лица се пријавени за сторено кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 , а останатите десетмина за сторено кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица во континуитет презема дејствија за расчистување на настанот. Издадени се наредби за вештачење, за прибирање на медицинска документација и други материјални докази. Во насока на утврдување на фактите во предметот, ќе бидат сослушани осомничени и сведоци, односно повеќе лица кои можат да дадат податоци за настанот.​

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари