Обвинителството ќе го истражува случајот со лекарката од Србија без лиценца која оперирала во битолската болница

Од:

Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет по добиена анонимна пријава на 12 јануари 2021 година, а во врска со постапување на лекари специјалисти – гинеколози од Клиничка болница Битола и едно лице странски државјанин за кое постојат основи на сомневање дека без лиценца за работа преземало медицинска интервенција.

Кон предметот е припоена и кривична пријава поднесена од СВР Битола на 8.2.2021 против три лица заради преземени дејствија со кои ги пречекориле своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле лице без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција врз родилка, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство. По завршувањето на интервенцијата,едно од лицата во оперативниот дневник внело невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внело своите податоци и податоците на колегата, а од стариот оперативен дневник отстранило страници на кои третото лице ги запишало извршените оперативни интервенции на 1.1.2021 година.

Обвинителството издаде Наредба за собирање потребни известувања до СВР Битола. Испитани се две лица кои дадоа свои сознанија за настанот и поднесено е барање до Лекарската комора на РСМ.

На 3.2.2021 година јавниот обвинител издаде Наредба за вештачење на Оперативни дневници на Одделот за Гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, за кои постои сомнение дека содржат невистинити податоци, односно се отстранувани страници.

Би можело да ве интересира

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски