Обвинителството издаде наредби за расчистување на вчерашните убиства во Скопската чаршија

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издаде повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено.

– По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице место во угостителскиот објект во кој се случи настанот се предадени на вештачење. Обезбедени се снимки од видео надзорот на самиот објект, на околните објекти, како и на системот „Безбеден град“, кои детално ќе бидат проверени. Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот, велат од Обвинителството.

– Во текот на ноќта, беше обезбедена уште една локација на патот кон Горно Оризари, каде беше пронајдено опожарено возило „ауди“. По насоки на јавниот обвинител денеска увидни екипи на МВР вршат детален увид и преглед на таа локација, а сите прибрани траги и докази исто така ќе бидат предмет на вештачење, се додава во соопштението на Обвинителството.

Истражните органи продолжуваат да преземаат интензивни дејствија за проверка на сите околности и откривање на сторителите.​

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар