Основното јавно обвинителството за организиран криминал одлучи да поднесе жалба на условниот отпус на Јован Вранишковски, потврди портпаролот на Државното јавно обвинителството Елизабета Недановска.
Детали за одлуката од Обвинителството најавуваат преку соопштение.
Jован Вранишковски денеска требаше да биде пуштен на слобода, по одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 12 јануари годинава, бидејќи, како што беше наведено, биле исполнети законските услови за примена на „условен отпуст“.
Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и пет месеци. Досега, издржал вкупно 36 месеци затвор, односно половина од затворската казна на која е правосилно осуден.
Формално барање за ослободување на Вранишковски поднесе директорот на затворот Идризово, откако претходно негово помилување побара и Синодот на МПЦ-ОА заради, како што беше наведено, повисоки цели.
Одлуката на Синодот на МПЦ-ОА следуваше по средбата на поглаварот г.г. Стефан со претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски г. Иларион.
Македонските владици ја прифатија иницијативата на Руската православна црква, пренесена од митрополитот Иларион, да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква за решавање на отворените прашања кои постојат меѓу двете цркви.
Ослободувањето на Вранишковски беше услов што го поставуваше СПЦ за продолжување на дијалогот со МПЦ.