Јавно обвинитество: Исполнети се законските услови за условен отпуст на Вранишковски

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови за примена на условен отпуст за Јован Вранишковски.

– Осудениот Јован Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и пет месеци. Досега издржал вкупно 36 месеци затвор, што значи дека издржал половина од затворската казна на која што е правосилно осуден. За време на издржувањето се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред во затворот, при што ги извршувал и работните обврски, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Воедно, како што велат од Обвинителството, од осудениот со правосилна пресуда конфискувана е во корист на оштетената Македонска православна црква непосредната и посредната имотна корист која била прибавена со кривичното дело на осудениот. И тоа конфискувани му се вкупно 4.940.400 денари, а од друга страна во корист на оштетената Македонска православна црква конфискуван е и недвижен имот – земјиште во местото Голема нива, запишано во имотен лист во К.П Нерези со површина од вкупно 4.859 м2.

– Имајќи предвид дека осудениот издржал повеќе од половина од затворската казна на која е правосилно осуден, а штетата која била причинета со дејството на Јован Вранишковски за која е правосилно осуден е надоместена, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови спрема осудениот Јован Вранишковски да се примени институтот „условен отпуст“.

Би можело да ве интересира

Врховен потврди дека расчинетиот владика Вранишковски перел пари

Васко Маглешов

СПЦ и РПЦ го поздравија ослободувањето на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски од денеска на условен отпуст

Ана Ололовска

Обвинителството бара да се преиспитаат околностите за условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Обвинителството го обжали условниот отпуст на Вранишковски

Ана Ололовска

Вранишковски на условен отпуст

Ана Ололовска

1 comment

Viktorija Ognenova 13/01/2015 - 11:20 at 11:20

Ako e taka kako sto veli Obvinitelstvoto,zosto togas ne go oslobodi Vraniskovski porano, tuku cekase intervencija od Ruskiot crkoven posrednik? Zosto barem ednas ova nase Obvinitelstvo ne odlucuva so svoja glava?

Reply

Leave a Comment

2 × five =