Обвинителството бара куќен притвор за Владо Јовановски

Од:

Обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство побара апелационите судии да го преиначат решението на кривичниот суд и на актерот Владо Јовановски да му биде изречена поблага мерка за обезбедување присуство.

Адвокатот Дончо Наков рече дека мотивот на судиите кои му го определиле и продолжиле притворот е политички.

„Што презело обвинителството 40 дена додека Владо е во притвор?, праша адвокатот Наков и додаде: „Образложението на Вишото јавно обвинителство е 8 реда, со осум реда барате притвор“.

„Има ли човек што не го знае Владо? Не избегал 7 месеци, сега ли ќе бега?“, праша адвокатот, според кој сите докази за Владо Јовановски се на Јутјуб.

„Има 94 снимки, во секоја секунда се гледа каде е Владо“, им рече Наков на судиите.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Апелација ги зголеми казните на 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба

А1он

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки